Уставниот суд на Косово го прогласи за неуставен тимот кој преговара со Србија

Архивска фотографија, косовскиот тим на средба со еврокомесарката Фредерика Могерини

Уставниот суд на Косово денеска го прогласи за неуставен државниот тим за преговори со Србија, кој пред неколку месеци беше формиран со одлука на косовското Собрание, јавува новинаската агенција МИА. Оваа одлука е донесена по барање на 32 пратеници за оценување на уставноста на Законот за задачите, одговорностите и надлежностите на тимот, предводен од потпретседателот на Владата, Фатмир Лимај и градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети. Во одлуката на судот е наведено дека со тој законски текст се прекршени неколку уставни одредби.