Во САД дебата на претседателските кандидати на демократите

Во САД дебата на претседателските кандидати на демократите

Претендентите за кандидат на Демократската партија на функцијата претседател на САД ја одржаа нивната прва телевизиска дебата, скоро 16 месеци пред претседателските избори. На дебатата учествуваа 10 кандидати кои се надеваат дека можат да го спречат претседателот Доналд Трамп да добие и втор мандат во Белата куќа. Во Демократската партија има 20 кандидати кои сакаат да го предизвикаат Трамп што значи дека ќе мора да биде организирана уште една дебата.