Хаменеи: Иран нема да се предаде по санкциите на САД

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи изјави дека земјата нема да се повлече по новите американски санкции и „навреди“.

"Највпечатливите претставници на владата на САД го обвинуваат Иран и го навредуваат. Иранската нација нема да се повлече и да се предаде пред таквите навреди", порача Хаменеи.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се воведуваат нови санкции врз Иран, вклучително и за кабинетот на Хаменеи. Иранските власти соопштија дека имаат план со кој ќе ја заштитат нацијата од економскиот притисок на САД.