Состанок на министрите за одбрана на НАТО

генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Министрите за одбрана на НАТО на дводневниот состанок кој почнува денеска во Брисел ќе разговораат за трошоците за одбрана во Алијансата, нејзината мисија во Авганистан и односите со Русија во светлина на спогодбата за контрола на нуклераното оружје меѓу двете страни. Вршителот на должноста американски секретар за одбрана Марк Еспер пак изјави дека тој планира на состанокот да го покрене прашањето и за Иран во надеж дека ќе добие поддршка за американските напори да се избегне конфликт со Техеран.