Опасен план, План Б, Таен план...

МАКЕДОНИЈА / ГЕРМАНИЈА - Претседателот Стево Пендаровски на средбата со неговиот германски колега, Франк-Валтер Штајнмајер во Берлин разменил мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, состојбите во регионот, како и за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО.

АЛБАНИЈА - Албанскиот премиер Еди Рама поднесе тужба против германскиот новинар Питер Тиде, по објавувањето снимки од прислушуваните разговори каде се слуша како се обезбедувале гласови за партијата на Рама, преку закани и купување гласови.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Владејачката британска Конзервативна партија соопшти дека на 23 јули ќе биде објавено името на новиот премиер на земјата, при што во трката за функцијата се Борис Џонсон и Џереми Хант.

САД / ИРАН - Иранскиот министер за економија Фархад Дејпасанд изјави дека властите имаат план со кој ќе ја заштитат нацијата од економскиот притисок на САД откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат нови санкции врз Иран, вклучително и за кабинетот на врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеи.

МЕКСИКО - Мексико испрати 15.00 војници и полицајци на границата со САД врз основа на билатералната спогодба за спречување на илегалната миграција, изјави мексиканскиот министер за одбрана Луис Сандовал.

РУСИЈА - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ситуацијата околу Иран се развива кон многу опасно сценарио и опасен план.

КИПАР - Кипарскиот Грк, воен капетан, осуден е на седум доживотни казни откако се изјасни за виновен за убиство на пет жени и две деца. 35 годишниот Никос Метаксас се изјасни за виновен по 12 точки поврзани со убиства со предумисла и киднапирање на седум лица, кои дошле од Филипини, Романија и Непал во период од две години.