Хачисон: Сакаме Северна Македонија да стане членка на НАТО на Лондонскиот самит

Ки Бејли Хачинсон

Американската амбасадорка во НАТО, Ки Бејли Хачинсон, на брифинг со новинарите пред утрешниот министерски совет за одбрана на Алијансата порача дека се вложуваат сите напори Северна Македонија да стане полноправна членка на Самитот на НАТО во Лондон во декември.

„Наша надеж е дека тоа ќе се случи на лидерската средба во декември, тоа е нешто на што сите работиме, но секоја од нашите земји сојузнички има различни барања од својот парламент за да го одобри и потврди зачленувањето на Северна Македонија“, изјави Хачинсон и додаде дека ратификацијата на пристапниот протокол во американскиот Сенат „ќе се случи ова лето, најдоцна на есен“.