Димков и Груби во Комисијата за избор на работници од УБК

Артан Груби

Трајко Димков и Артан Груби се двајцата пратеници кои ќе учествуваат во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање во новоформирана Агенција за национална безбедност.

Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање денеска ги избра овие членови кои според претседателот на Комисијата, Трајко Вељаноски, се предложени по претходна консултација со политичките партии. Комисијата го усвои и Извештајот за работата на УБК и Агенцијата за разузнавање за 2018 година.