Американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша извршната наредба со која се воведуваат нови санкции врз Иран, вклучително и за кабинетот на врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеи. Со новите санкции на иранскиот лидер и на негови соработници им се забранува пристап до клучни финансиски ресурси и поддршка.
Иранскиот претседател Хасан Рохани ги отфрли санкциите и ги нарече знак на очај на САД. Според него, санкциите за Хаменеи нема да бидат успешни бидејќи тој нема имот во странство.