Талибанците им се закануваат на новинарите

Авганистан, илустрација

Талибанците денеска упатија закана до авганистанските медиуми дека новинарите ќе бидат цел на напади ако не престанат со емитување на она што талибанците го нарекуваат владина пропаганда против нив. Во соопштението се наведува дека радио и телевизиските станици, како и другите медиуми имаат една недела за да престанат да објавуваат антиталибански соопштенија. Талибанците и претходно ги напаѓаа медиумите во Авганистан, но ова е прва закана поврзана со точно определно прашање, во овој случај владините соопштенија.