Собранието на Косово за депортацијата на шестмина Турци

Собранието на Косово

Собранието на Косово на денешната вонредна седница го има извештајот на парламентарната истражна комисија која ја истражуваше депортацијата на шест турски државјани која Анакара ги сомничи дека се припадници на движењето на свештеникот Фетула Ѓулен. Тие на 26 март минатата година по барање од турските власти, без никаква законска процедура беа депортирани од Приштина за Турција. Тие се под сомневање поради врски со училиштата кои на Косово ги организира движењето на Ѓулен кој Анкара го обвинува како организатор на неуспешниот пуч во 2016 година.