Во Москва протест поради полициски фалсификати

протести предизвикани со апсењето на познатиот истражувачки новинар Иван Голунов

Неколку илјади луѓе протестираа во Москва против фалсификатите кои ги произведува руската полиција и затворањето на полтичките активисти. Демонстрациите се последни во низата протести предизвикани со апсењето на познатиот истражувачки новинар Иван Голунов под обвинение за продавање дрога. Обвинението против него беше отфрлено ден по протестите на јавноста и индициите дека полицијата му подметнала дрога на Голунов.