Ердоган му ја честита победата на Имамоглу

Екрем Имамоглу

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу за победата на повторените избори за градоначалник на Истанбул. Ердоган наведе дека го прифаќа изборниот резултат. На изборите одржани во март исто така победи Имамоглу, но дојде до поништување на изборните резултати. Кандидатот на Ердоган, Бинали Јилдирим го призна поразот, изразувајќи надеж дека Имамоглу ќе им служи на жителите на Истанбул. Овој град за прв пат по 25 години ќе го води партија која не е на власт.