Николоски: Обидот за затворањето на ВМРО-ДПМНЕ клучна пречка за договорот за СЈО

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски пред седиштето на партијата.

Битката за Специјалното јавно обвинителство се води околу тоа дали нелегалните активности за затворање на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги легализираме или не, изјави потпретседателот на партијата Александар Николовски во интервју за телевизијата Алсат М. Тој додава дека ова досега епарадокс бидејќи инстиутуцијата што требаше да се бори против нелегални активности и самата влегла во нелегални активности и сега властта се обидува со закон тоа да го промени, што поставува прашање за правната сигурност.

„Ако СДСМ се откаже од планот за затворање на ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека и утре може да се договориме,“ изјави Николовски.

Николовски смета дека не може да се дозволи легализирање на дејствијата што ги презело СЈО после законскиот рок од 18 месеци затоа што тие се во функција на забрана на партијата со судска одлука.

„Тоа не значи, како што вели власта, амнестија за криминалот, затоа што ако некој сторил било какво кривично дело, има обвинителство што може да го гони. Тоа е прво. И второ, единствен случај што е отворен после рокот е случајот за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, каде целта е да се забрани нашата политичка партија со судска одлука“, изјави Николовски.