Парада на гордоста во Романија

Илустрација, Архивска фотографија

Околу десет илјади луѓе се приклучија на парадата на Гордоста во главниот град на Романија Букурешт што се одржа по референдумот со кој се бараше забрана на истополовиот брак. Конзервативната Романија е една од неколкуте земји членки на Европската Унија во која се забранува брак или граѓанско партнерство меѓу истополови двојки. Хомосексуалноста е декриминализирана во 2001 година во Романија, но дискриминацијата против припадниците на ЛГБТИ е широко распространета.