Борис Џонсон и Џереми Хант останаа во трката за британски премиер

Архивска фотографија: Борис Џонсон и Џереми Хант

Идниот британски премиер и претседател на Конзервативната партија ќе се бира меѓу поранешниот и актуелниот министер за надворешни работи Борис Џонсон и Џереми Хант.

Денеска од трката беа елиминирани министерот за екологија Мајкл Гоув и министерот за внатрешни работи Саџид Џавид.

Џонсон во последниот круг гласање добри 160 од 313 гласови и важи за голем фаворит во пресрет на изјаснувањето на околу 160 илјади членови на Конзервативната партија. Хант доби 77 гласа.

Победникот ќе биде познат кон крајот на јули.

Премиерката Тереза Меј поднесе оставка на 7 јуни поради неуспехот да ја изнесе Велика Британија од ЕУ во предвидениот рок.