Рама го обвини Мета дека „додава бензин на огнот“

Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама на денешната собраниска седница го обвини претседателот Илир Мета за неговите постапки и порача дека локалните избори ќе се одржат на 30 јуни.

„На 30 јуни ќе биде изборен ден, сакале или не оние кои додаваат бензин на огнот или оние кои го следат огнот. Како и да е, она што ни припаѓа нам на сите кои се на вистинскиот пат, е да бидеме решителни и воздржани. За жал, ова е, исто така, резултат на скандалозно вклучување на оној кој и денес е во канцеларијата на претседателот, но кој го изгуби правото да остане во таа канцеларија со додавање бензин на огнот“, обвини Рама.