Украинскиот новинар кој беше нападнат им подлегна на повредите

Вадим Комаров

Украинскиот истражувачки новинар Вадим Комаров им подлегнал на повредите откако пред шест недели беше нападнат во градот Черкаси.

Шефот на Националната унија на новинари Серхиј Томиленко на Фејсбук напиша дека единствената причина за нападот на Комаров, а сега и негово убиство, според новинарите е неговата работа.Тој додаде дека унијата бара вистински, а не само декларативни заложби за заштита на правата на новинарите во земјата. Комаров по нападот на 4 мај беше хоспитализиран и се наоѓаше во кома.