Кинескиот претседател Џинпинг во Северна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпинг

Кинескиот претседател Си Џинпинг е во дводневна посета на Северна Кореја што е прв негов престој во таа таа земја од 2005 година. Посетата била на покана од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и доаѓа на неколку денови пред самитот на Г20 во Јапонија, а на кој ќе учествува и американскиот претседател Доналд Трамп. Кина им е главен сојузник на властите во Пјонгјанг, но се придржува на меѓународните санкции наметнати со цел Северна Кореја да се откаже од нуклеарната програма.