Поплавени објекти во Неготино

Илустарција.поплава

Поплавени се неколку објекти во Неготино, како последица на невремето кое попладнево го зафати градот, а на пожарникарите на помош им дојдоа и колегите од Кавадарци, изјави за МИА Иле Илиев, командир на неготинската Територијална противпожарна единица.

"Со пумпи црпевме вода од неколку објекти во градот. Дадовме се од себе за најдобро што можеме да се справиме со последиците од невремето и веќе сме при крај со сите објекти. Некои, поради местоположбата, редовно се на удар кога има поголеми количини вода", рече Илиев.

Тој дополни дека интервенирале и комуналните работници.