Средба меѓу Помпео и Могерини

Мајк Помпео и Федерика Могерини

Американскиот државен секретар Мајк Помпео се состана со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Федерика Могерини, соопшти Стејт департментот. Тие разговараа за односите меѓу САД и ЕУ и за голем број заеднички интереси и заеднички предизвици со кои се соочуваат САД и Европа, вклучувајќи ја и европската одбрана и безбедност, Авганистан, Куба, Иран, Либија, Молдавија, Западен Балкан, Русија, Украина и Венецуела.