Трамп ја почна кампањата за изборите во 2020 година

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално ја почна кампањата за негов реизбор во 2020 година изјавувајќи дека ривалската Демократска партија сакала да ја „уништи земјата“, а ги нападна, како што ги нарече, „медиумите за лажни вести“. Тој говореше на собирот во Орландо, Флорида која често пати е клучната американска држа за претседателските избори. Трамп се очекува да ја добие номинацијата за претседателски кандидат на Републиканската партија. Во истовреме се уште не е јасно кој би можело да биде кандидат на Демократската партија. Досега има пријавено 20 претенденти, а на анкетите води екс потпретседателот на САД Џо Бајден.