Предупредување за цунами по земјотресот во Јапонија

Силен земјотрес го погоди северозападниот дел на Јапонија, по што е издадено предупредување за цунами.

Од Јапонската метеоролошка агенција соопштија дека земјотресот бил со јачина од 6,8 степени. Засега нема извештаи за жртви и предизвикани штети.

Метеоролошката агенција издаде предупредување за можно цунами долж северниот брег на јапонскиот остров Хоншу.