Руските пратеници го подржаа суспендирањето на учеството во договорот ИНФ

Рускиот претседател Владимир Путин

Руските пратеници гласаа за поддршка на декретот на претседателот Владимир Путин за суспендирање на учеството на земјата во договорот за нуклеарните сили на среден дострел (ИНФ) од 1987 година. Руската Дума со големо мнозинство од 417 пратеници го поддржа декретот, а само еден беше воздржан.

Во февруари САД го суспендираа своето учество во договорот откако Вашингтон и неговите сојузници ја обвинија Русија дека распоредила ракетен систем кој го нарушува договорот. Русија ги негираше обвинувањата.