Фејсбук најави нова крипто- валута „Либра“

Илустрација

Фејсбук денеска најави воспоставување на крипто- валута наречена Либра со цел да ја прошири својата дејност надвор од социјалната мрежа. Фејсбук планира да ја лансира новата валута во првата половина на наредната година.

Социјалната мрежа исто така создала подружница наречена Калибра која ќе понуди и дигитални паричници за зачувување, праќање и трошење на Либри. Калибра ќе биде поврзана и со платформите на Фејсбук за испраќање на пораки.