Зеленски на средба со Меркел за конфликтот во источна Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, ден откако ги повика сојузниците на неговата земја да извршат притисок на Русија за ставање крај на конфликтот во источна Украина.

Портпаролот на германската Влада, Штефан Зиберт изјави дека на средбата ќе стане збор за спроведувањето на договорот од Минск и курсот на реформите во источна Украина.