Кипар против проширувањето ако ЕУ не и се закани на Турција

министрите за надворешни работи на ЕУ

Членките на Европската унија се најдоа во ќорсокак околу почнувањето преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија. Пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, на една година откако Франција и Холнадија го блокираа процесот на проширување, Кипар се закани дека ќе стави вето на секој договор за проширување се додека ЕУ не заземе построг став спрема Турција која почнала да врши дупшење за гас во близина на кипарскиот брег. „Има огромно несогласување и не е јасно дали министрите ќе се договорат“, вели анонимен европски дипломат за новинската агенција Ројтерс.