Премиерот Заев на форум на Фајненшал Тајмс

Зоран Заев и Кочо Анѓушев

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Британија каде што на покана на Фајненшал Тајмс ќе учествува на Форум што угледниот британски весник го организира за земјите од Западен Балкан насловен „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“. Како што соопштија од владината прес-служба, Заев во рамки на престојот ќе се сретне со заменик премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Лидингтон на работен појадок организиран за тројцата премиери од Западен Балкан. Предвидено е премиерот Заев да се обрати на премиерскиот панел заедно со премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ на тема „Инвестициски можности и како домашната политика влијае на нив“.