Поранешниот египетски претседател Морси почина во судница

Архива -Поранешниот египетски претседател Мухамед Морси за време на судење за обвиненија за шпионажа во Каиро. 16.12.2015.

Поранешниот египетски претседател Мухамед Морси почина откако паднал во несвест во судница, се вели во извештаите. Морси колабирал додека присуствувал на судска расправа за обвинувања за шпионажа и починал кратко потоа, објави државната телевизија. Неговото тело било однесено во болница.

67-годишниот Морси беше беше поранешна висока личност во сега забранетото исламистичко движење Муслиманско братство. Тој беше соборен од страна на египетската војска во 2013 година по масовните протести една година откако ја презема функцијата како прв демократски избран лидер во земјата. Оттогаш тој беше во притвор.