САД побараа меѓународен одговор за „нуклеарните уцени“ на Иран

Архива - нуклеарна постројка во Иран.

Соединетите Држави соопштија дека планот на Иран за прекршување на ограничувањето на неговите залихи на збогатен ураниум, претставува „нуклеарна уцена“ и оти мора да се соочи со „зголемен меѓународен притисок.“

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Гарет Маркиз, денеска ги даде ваквите коментари, откако Иран се закани со понатамошно намалување на неговата согласност со нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили.

Францускиот претседател Емануел Макрон во Париз го повика Иран да биде „трпелив и одговорен.“ Европската унија соопшти дека ќе го почека следниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија за иранската согласност со меѓународниот договор, пред да го објави својот одговор.

Портпаролот на Иранаската агенција за атомска енергија претходно изјави дека во следните десет дена земјата ќе ја надмине границата на своите резерви на ураниум утврдени со договорот и оти Техеран го ги зголеми нивоата на збогатување на своите резерви на ураниум „врз основа на потребите на земјата.“