Пожар на вториот крак на Халкидики

Shuttershtock - Fire, generic

Голем пожар го зафати вториот крак на Халкидики – Ситонија, објавија грчките медиуми. Тие пренесуваат дека гори шума и сува трева во реонот на Каламици,а пожарот брзо се шири.

Пожарот го гаснат 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари. Подготвен е и специјален авион за гаснење.

Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека видливоста на патот од Солун кон Неа Мудања е многу слаба, а автомобилите се паркираат странично бидејќи не можат да го продолжат патувањето.