Времето многу топло со висок УВ индекс

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура ќе се движи од 28 до 36 степени.

Во Скопје и околината дневната температура ќе достигне 36 степени.