„Дејли меил“: 500.000 евра отпремнина за Јункер и Туск

Туск (лево) и Јункер (десно) со поранешниот украински претседател Порошенко (во средината)

По извештајот дека Жан-Клод Јункер и Доналд Туск ќе добијат околу 500.000 евра по истекот на мандатите оваа година, ЕУ се соочува со обвинувања за „неприфатлива алчност“, објави британскиот весник „Дејли меил“.

Како што пишува „Дејли мејл“, Туск како претседател на Европската комисија ќе добие 323.276 евра, врз основа на „преодна заработувачка“, а Јункер, кој е актуелен претседател на Европскиот совет, наводно ќе добие 161.621 евро.

На Јункер му следува помал износ бидејќи ќе биде пред пензионирање на половина од двегодишниот период на исплата, откако ќе наполни 66 години во декември 2020 година, објави британскиот весник.