Државниот завод за статистика го започна пробниот попис на населението

Илустрација

Пробниот попис на населението, становите и домаќинствата во 13 општини во земјава, меѓу кои се по два пописни круга во Прилеп и во Општина Долнени започна денеска. Во секоја од двете општини со пробниот попис ќе бидат опфатени по речиси 200 домаќинства.

Мира Илиевска од Државниот завод за статистика изјави дека пробниот попис се одвива во најдобар ред, а граѓаните се приемчиви и покажуваат разбирање. Податоците од пробниот попис не се објавуваат, туку е наменет за утврдување на новиот метод, за да се отстранат евентуалните недостатоци, технички и евиденциски.