Вучиќ побара од Трамп да води поинаква политика за Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ го поканил претседателот на САД Доналд Трамп да ја посети земјата и побарал од него „да води поинаква политика околу косовското прашање“.

„Како што знаете, г-дин Претседател, преку проблемот на Косово и Метохија се преплетуваат правата и интересите не само на Белград и Приштина, туку и на различни меѓународни актери, со што тоа станува извор на бескрајни политички манипулации и нестабилност“, напишал Вучиќ во писмото до Трамп во кое му го честита неговиот роденден.

Вучиќ порачува и дека „на никој не му е толку важно да се дојде до решение за тој тежок товар „колку на Србија“. Тој го замолува Трамп да влијае на Приштина да ги укине царините за Србија со цел да продолжи дијалогот за изнаоѓање на компромисно, взаемно прифатливо решение.