Путин: Односите со САД стануваат се полоши

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека односите меѓу Вашингтон и Москва стануваат се полоши. Тој додаде и дека моменталната американска администрација вовела десетици санкции врз Русија. Путин ја даде изјавата пред самитот на Г20 во Јапонија кој ќе се одржи кон крајот на месецов и каде можеби ќе сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.