Јанева: По наредба на Мијалков е прислушувањето и има докази за тоа

Обвинителката Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека Сашо Мијалков, еден од обвинетите во случајот „Таргет – Тврдина“ не бил цел на прислушување, туку додека бил директор на УБК по негова наредба се прислушувало.

„Обвинетиот Сашо Мијалков не е таргет на прислушување. Таргет се други лица блиски до него, фамилијарни. Тој не е таргет. А тоа кој прислушувал во Македонија неспорно е докажано и има докази за тоа дека тоа се случувало во периодот кога тој бил директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, под негова наредба е вршено прислушување и има докази за тоа во предметот кој се надевам дека ќе го следите“, рече Јанева по презентацијата на вториот периодичен извештај на ОБСЕ за работата на СЈО.