Протоколот за НАТО пред естонските пратеници и во Сенатот

Конгресот на САД

Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО денеска е на дневен ред на седницата на Парламентот на Естонија, а влегува во процедура и во американскиот Сенат. Естонија ќе биде 17-та земја што ќе го ратификува Протоколот, откако тоа минатата недела го стори германскиот Бундестаг, а денеска во Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат ќе има сослушување поврзано со пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. На сослушувањето во Сенатот повикани се помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и Кетрин Вилбаргер, американски заменик помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања. Шеснаесет од 29 земји-членки досега го официјализираа пристапувањето на Северна Македонија во најголемиот воено-политички сојуз во светот.