Поранешен амбасадор директор на Агенцијата за национална безбедност

Директор на Агенција за национална безбедност Виктор Димовски,

На чело на Агенција за национална безбедност застанува Виктор Димовски, досегашен државен секретар во Министерството за надворешни работи. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница.

Тој претходно во 2007 до 2009 година бил директор на Агенцијата за разузнавање, додека во период од 2009 до 2017 година како и во период од 2003 до 2007 година бил амбасадор во неколку земји меѓу кои Србија, Црна Гора и Израел. Димовски е доктор на политички науки.

Дополнително Владата ја констатираше и оставката на директорот на истражниот затвор – Скопје, Ѓоко Котевски. На предлог на Управата за извршување санкции, за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ, магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање.