ДУИ ќе организира внатрепартиски избори

Илустрација, архивска фотографија, претседателот на ДУИ Али Ахмети и Артан Груби, пратеник од ДУИ

Мандатот на претседателите на партиските ограноци на ДУИ се истечени уште минатата година и затоа годинава ќе се одржат внатрепартиски избори, соопшти пратеникот на ДУИ Артан Груби на својот Фејсбук профил, без при тоа да открие детали. Ова следува откако дел од медиумите денеска објавија информација повикувајќи се на партиски извори дека лидерот на партијата Али Ахмети ги разрешил сите претседатели на партиските ограноци. Груби на Фејсбук напиша дека не е точно дека се разрешени, туку дека станува збор за постапка на демократски избори во партијата во согласност со статутот на партијата, кој следува по повторната регистрација на членовите.