За импичмент на албанскиот претседател Мета ќе се расправа в четврток

Албанскиот претседател Илир Мета

Албанскиот Парламент в четврток ќе расправа за барањето за импичмент на претседателот Илир Мета. Ова денеска е договорено на средбата на спикерот на Парламентот Грамоз Ручи со координаторите на пратеничките групи.

Мета за денеска попладне најави ново обраќање до јавноста, по донесувањето на одлуката за одложување на локалните избори во земјата.