Албанскиот премиер Рама во Брисел

Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Брисел треба да разговара со претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија Жан Клод Јункер и Доналд Туск. До овие средби доаѓа во тензична политичка ситуација кога опозицијата предводена од лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша бара оставка на владата и предвремени парламентарни избори. Опозицијата најави и бојкот на локалните избори кои деновиве иако беа закажани за 30 овој месец беа отповикани од претседателот Илир Мета. Социјлистичката партија на премиерот Рама покрена иницијатива за негово разрешување.