Апсења на претседателските избори во Казахстан, победник Токаев

Казахстанската полиција апси демонстранти во Алмати

Привремениот претседател на Казахстан, Касим Зомарт Токаев победи на изборите во земјата кои беа одбележани со апсењето на околу 30 лица, меѓу кои и новинари за време на антивладините протести. Централната изборна комисија соопшти дека Токаев освоил 70,76 отсто од гласовите.

Победата на Токаев беше очекувана откако тој доби поддршка од поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев кој беше речиси триесет години на власт и се повлече од функцијата во март, годинава.

Поранешниот новинар Амирзан Косанов освои 16 проценти од гласовите. Казахстанските власти за време на гласањето уапсија и двајца новинари на Радио Слободна Европа и одбија да има дадат акредитации на други седум новинари.