Змајевиќ осуден на 14 години затвор за воени злосторства на Косово

Владо Змајевиќ

Црногорскиот суд го осуди Владо Змајевиќ на 14 години затвор за злосторства против човештвото. Змајевиќ е прогласен виновен за убиството на четворица албански цивили во селото Жегра кај Гњилане на Косово во 1999 година.

Во образложението на пресудата се наведува дека доказите покажале дека се извршило воено злосторство, а на тоа укажале и сведочењата, а и самиот Змајевиќ го призна делото на првото сослушување, но потоа го негирал. Змајевиќ беше уапсен во август, 2016 година.