ОН: Апсења и закани на одбележувањето од протестите на Тјенанмен во Кина

Зајакнати безбедносни мерки на плоштадот Тјенанмен во Пекинг

Портпаролката на кабинетот за човекови права на ОН, Равина Шамдасани изјави денеска дека добиле извештаи во кои се наведува дека бројни кинески државјани биле притворени или биле цел на закани пред одбележување на 30 годишнината од протестите на плоштадот Тјенанмен. Таа посочи и дека била зголемена и цензурата во Кина при спомнувањето на одбележувањето на настанот. Шамдасани истакна и дека ги известиле кинеските власти за загриженоста на ОН и работат на верификување на информациите.

Студенти и работници се собраа пролета во 1989 година на Тјенанмен да бараат демократски промени и да се стави крај на корупцијата, по што започнаа протести низ целата земја. Неколку недели по протестите комунистичките власти испратија тенкови и војници и при немирите загинаа стотици демонстранти.