Протести на албанската опозиција во Тирана

Од протестите во Тирана

Илјадници поддржувачи на албанската опозиција протестираа повторно во Тирана, барајќи предвремени избори, и покрај повиците на западните сили за преговори меѓу опозицијата и владата. Демократската партија го обвинува социјалистички премиер Еди Рама за корупција и врски со организираниот криминал и бара негова оставка и формирање привремена влада која ќе владее со земјата до предвремените парламентарни избори. Лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша рече дека „нивната битка е за слободни и фер избори и за европските вредности“. За време на говорот на Баша демонстрантите фрлаа факели и запаливи бомби врззградата на владата. Протестите на албанската опозиција траат од средината на февруари.