Две лица загинале, еден е повреден при одрон на земјиште во Чаир

Двајца работници загинале, а еден е тешко повреден при излизгување на земјиште при отварање на канал во близина на основното училиште “Пенко” во скопската општина Чаир. Несреќата се случи денеска околу 11:00 часот. Двајцата загинати биле браќа кои работеле во компанијата која е во сопственост на нивниот татко. Неофицијално, повреденото лице е нивниот зет.

Според очевидци, за време на несреќата, таткото на двајцата работници бил присутeн и се обидел со багер да ги ослободи од натрупаното земјиште, но безуспешно. Каналот бил длабок околу два метри. Во моментот екипи на Министерството за внатрешни работи и Судска медицина се на местото на несреќата.