Собранието на Србија ќе расправа за Косово

Александар Вучиќ

Собранието на Србија денеска ќе ја почне седницата на која претседателот Александар Вучиќ ќе поднесе извештај за Косово. На седницата нема да дојде дел од опозицијата која и натаму го бојкотира парламентот и која истекнува дека седницата за Косово е „уште една измама“ на актуелната власт и „фингирање на дијалогот“. Од опозицијата наведуваат дека граѓаните нема ништо ново да слушнат од претседателот Вучиќ. Владејачкото мнозинство пак, оценува дека со недоаѓањето на седницата опозицијата покажува дека воопшто не и грижа за Косово. Расправата се очекува да трае два дена.