Разрешено дел од раководството на СДСМ

Седиштето на СДСМ.

Од 18 часот во седиштето на СДСМ се одржува централниот одбор на владејачката партија. Како што неофицијално се брифира на седницата се разрешени генералниот секретар Александар Кирацовски, а на истата позиција не се ниту шесте потпретседатели Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Закири и Благој Бочварски. Седницата е се уште во тек, а се очекува изјава на претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев. Седницата следува по најавите на премиерот Заев за смени во партијата и во владата и другите ресори по незадоволителните резултати на првиот круг од претседателските избори.