Македонски автобус удри во мост во Пловдив

Македонски автобус удри во мост во Пловдив откако возачот не го видел знакот што укажува на максималната височина на превозните средства што можат да преминат под мост во град.

Како што објави денеска бугарската телевизија „Нова“, во автобусот имало само двајца возачи, кои не се потешко повредени. По инцидентот, автобусот останал без покрив.

Оштетен е покривот на автобусот, а неколку прозорци се искршени. Тестот за присуство на алкохол во крвта на двајцата возачите бил негативен.