Американецот обвинет за шпионажа во Русија останува во притвор

Пол Вилан

Судот во Москва до 29 август му го продолжи притворот на поранешниот американски маринец Пол Вилан, кој го нарече случајот против него политички мотивиран и одмазда за санкциите на САД.

Судот го одби барањето на адвокатот на Вилан тој да биде префрлен во домашен притвор. Вилан, кој има американско и канадско државјанство беше уапсен на 28 декември во Москва под обвинение за шпионажа. Вилан, кој ги негира обвинувањата се соочува со казна затвор до 20 години.